СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Извршителите одлично заработуваат на туѓата мака – лани наплатиле долгови од 145 милиони евра и имале профит 4 милиони евра

„Минатата година по разни основи присилно се наплатени повеќе од 145 милиони евра. Тоа е сумата, што ја реализирале 100 извршители за долговите, кои што ги направиле граѓани и правни лица, но и државата. Од фирмите-должници, извршителите лани наплатиле 81,7 милиони евра, од граѓаните 40,5 милиони евра, а од државата 23,4 милиони евра.“ – наведува информативниот портал „Пари“ во својата редакциска анализа со наслов „Извршителите лани наплатиле долгови од повеќе од 145 милиони евра – цената за оваа услуга е профит од 4 милиони евра!“.

Покрај другото, „Пари“ пишува: „За извршителите се смета дека одлично заработуваат на „туѓата мака“. Што и не е далеку од вистината, а потврда за тоа се и податоците. За услугата „наплата на долгови“ извршителите наплатиле околу 10 милиони евра, но кога ги подмириле своите трошоци им останал чист профит од околу 4 милиони евра.

Овие околу 10 милиони евра приходи доаѓаат по три основи: сите заедно наплатиле за една година 552 илјади евра како надомест за обработка на предмети, 4,3 милиони евра за преземени извршни дејства и 5 милиони евра како награда за извршување. Овие суми се без пресметан данок на додадена вредност.

Целата анализа прочитајте ја тука

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content