СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Народна банка бара повеќе кандидати, плата над 38 илјади

Шест лица ќе имаат можности да работат во нашата централна банка. На веб страната на Народна банка објавен е оглас за вработување со кој се бараат кандидати за неколку работни места. Притоа за дел од работните места вработувањето ќе биде на една година, а за други две години.

Се бара помлад супервизор во Дирекцијата за теренска супервизија, за период од една годинаДве лица би работеле во Дирекцијата за финансии, сметководство и контрола, од кои еден за место помлад сметководител во отсекот за емисионо сметководство и едно лице за позицијата помлад сметководител во отсекот за финансиско – материјални и пресметковни работи, на определено време во период од 2 години.

Народна банка бара кандидати и за позицијата „помлад програмер“ во Отсекот за програмирање во Дирекцијата за апликации, на определено време во траење од две години. Ќе се пополнува и позицијата „помлад систем инженер“ во Отсекот за поддршка на платните системи во Дирекцијата за ИТ инфраструктура на период исто така од 2 години.

Се бара и кандидат за позицијата „хигиеничар почетен степен“ во Отсекот за техничко одржување на определено време во траење од една година. 

Во огласот е наглаено дека кандидатите треба да се државјани на Македонија, да се полнолетни, да се здрави и да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Покрај општите услови кандидатите треба да ги исполнуваат и посебни услови. Па така „помлад супервизор“ треба да има факултет од областа на правните науки, да знаат англиски јазик, работа со компјутер и областа на работење на Народната банка. Кандидатите ќе бидат тестирани.

Лицата кои се заинтересирани да работат како сметководители треба да имаат факултет од областа на економските науки и да знаат англиски јазик, работа со компјутер, сметководство и работењето на Народната банка, а ќе следуваат и тестови.

Кандидатите кои сакаат да работат како програмери, треба да имаат факултет од областа на информатичките науки, работен стаж најмалку 1 година, познавање на англиски јазик, одлично владеење на Microsoft развојна околина (MS Visual Studio) и работа со бази на податоци MS SQL сервер. Овие кандидати ќе бидат тестирани за нивното владеење на Microsoft развојна околина, работа со бази на податоци MS SQL сервер и познавања од областа на работењето на Народната банка. 

Кандидатите за систем инженер во Дирекцијата за ИТ инфраструктура исто така треба да имаат завршено факултет од областа на техничко-технолошките или информатичките науки со најмалку 180 кредити, да имаат работен стаж најмалку 1 година, да имаат познавање на платниот промет во земјата, познавање на ИТ хардвер, Microsoft Windows Server архитектура, TCP/IP LAN и WAN технологии, Cisco IOS, рутирање (routing), switching, VPN-и и заштитни ѕидови (firewalls), SAN технологии и RAID архитектури, системи за управување со бази на податоци (Oracle и Microsoft SQL Server), PKI инфраструктура, SWIFT архитектура и инфраструктура, одлично познавање на англиски јазик и познавања од областа на работењето на Народната банка.

Ќе следуваат тестови и за кандидатите за ова работното место за нивните познавања на платниот промет во земјата, познавање на ИТ хардвер, Microsoft Windows Server архитектура, TCP/IP LAN и WAN технологии, Cisco IOS, рутирање (routing), switching, VPN-и и заштитни ѕидови (firewalls), SAN технологии и RAID архитектури, системи за управување со бази на податоци (Oracle и Microsoft SQL Server), PKI инфраструктура, SWIFT архитектура и инфраструктура, англиски јазик и познавања од областа на работењето на Народната банка.

За последната позиција, хигиеничар се бара кандидатите да имаат основно или средно училиште. 

Висината на основната плата за работните места супервизор и сметководител изнесува 38.526 денари, додека за време на пробната работа висината на основната плата е 50 отсто или 19.722 денари. Додека трае приправничкиот стаж плата изнесува 27.238 денари.

Плата за работното место програмер и систем инженер ќе изнесува 48.970 денари, но во текот на пробниот период ќе достигне само 50 проценти, односно 24.945 денари.

Платата за хигиеничарот ќе изнесува 21.633 денари, во текот на пробниот период 9.075 денари, а за време на приправничкиот стаж 14.825 денари.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content