СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Трик за совршени палачинки

Овој едноставен трик ќе ви помогне да направите совршени палачинки кои ќе бидат еластични и нема да се исушат.

Често луѓето воопшто не успеваат да направат палачинки и не ја знаат причината.

Претежноа сите мислат дека тоа е последица на користење на несоодветна или лоша тава или лошо подготвена смеса.

Се случува тестото да испадне тврдо, а палачинките да не се доволно меки и воздушести.

Решението на овој проблем е многу едноставно и не бара некои посебни вештини, па дури и почетниците сега ќе можат да подготват совршени палачинки.

Имено, повеќето луѓе ставаат цели јајца во смесата, а експертите тврдат дека всушност е неопходно да се одвојат белките и жолчките.

Потребно е белките посебно да се изматат во мек изматен снег, а потоа да се додадат во друга смеса од брашно, млеко и жолчки и да се мешаат нежно, по можност со жица.

Овој едноставен трик ќе им даде на палачинките мекост, еластичност и пенеста структура, а најдобро од сè, тие нема да бидат цврсти дури и кога ќе се изладат.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content