СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Сестри близначки од Прилеп ќе ја претставуваат Македонија на Европскиот Џудо Куп во Унгарија

Прилепчанките Теа и Теона Настоски ќе ја претставуваат Македонија на Европскиот куп во џудо во Унгарија.

Претстојниот викенд 18, 19 и 20. ноември во Ѓер, Унгарија, ќе се одржи Европски Куп во џудо за кадети/ки.

На ова престижно натпреварување учество ќе земат репрезентативките и членки на ЏК Сеишин Прилеп, Теа Настоска и Теона Настоска во категоријата до 44 кг.

Репрезентстивките ги предводат селекторот Дејан Мицкоски и тренерот Мики Чадамов.

Се надеваме на поволен ждреб и успешен настап на нашите репрезентативки – информираат од прилепскиот џудо клуб.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content