СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

7 божиќни филмови на „Netflix“ кои ќе внесат магија во вашето секојдневие

Кој не сака прекрасните божиќни филмови да влезат во нашиoт празничен дух? Без оглед на тоа што малку од таквите филмови се реалистични, сепак во нив постои нешто шармантно – нивниот свет, пеењето хорови и сите празнични радости кои можат да ни изнудат насмевка на лицата.

„Netflix“ како и секогаш за нас има прекрасен избор на филмови со најразлични содржини, а доколку во текот на празниците сакате да погледнете некој со таква тема, тогаш сте на вистинското место.

Погледнете ја листата на нашите предлози:

1. „The Christmas Chronicles“

Овој филм на „Netflix“ е брилијантно луд. Од почетокот до крајот темпото со брзина на светлината се менува и апсолутно е преполн со акција. Сè во врска со него е неверојатно. Специјалните ефекти, духовитите шеги и многу модерниот и „кул“ Дедо мраз се навистина врвни. Курт Расел се наоѓа во улогата на генијален Дедо мраз.

2. „The Holiday Calendar“

Овој филм е најновиот обид на „Netflix“ да го „улови“ божиќниот базар. Оригиналниот филм за стриминг сервисот го следи амбициозната фотографка која ја толкува Кет Греам. Живеејќи го животот на сиромашна и изгладнета уметница (иако не е ниту сиромашна ниту гладна) таа е во искушение да оди и да работи во адвокатската канцеларија на својот татко. Таа нема љубовен живот, но работите почнуваат да се менуваат кога дедо ѝ ќе ѝ подари нешто посебно.

3. „A Christmas Prince“

Амбер Мур е новинарка во Њујорк. Таа живее со својот татко и е главниот лик во овој божиќен филм. Млада е, многу убава, нема љубовен живот и премногу работи. И секако, со задоволство се откажува од плановите за одмор. Но, токму во потрагата по принцот ќе биде нејзината пауза и сите убави работи кои ќе ѝ се случат.

4. „Bad Moms Christmas“

Овој филм е апсолутно урнебесен и еден од подобрите достапни филмови со тема – празници. Актерската екипа е навистина прекрасна. Тие глумат мајки, три прилично дисфункционални односи на мајки и ќерки. Можат ли девојките да дочекаат совршен Божиќ?

5. „Let It Snow“

Совршено шармантен, сладок, но малку и поразличен божиќен филм, погледнете го токму овој. Наместо една приказна во него имаме четири. Сè се случува во ист град, а дејството е основано на четири различни врски во тек на еден ден.

6. „Last Christmas“

Кога целата интернетска игра ширум земјата се основа на една песна знаете дека постои суштинска вредност во истражување на стиховите во што е можно повеќе облици. Егоцентричната Кејт не го живее својот најдобар живот. Неспособна е да го издржи животот дома со својата мајка. Нејзините пејачки аудиции не водат никаде, а нејзиниот љубовен живот се темели на погрешни животи, но потоа се случува магија.

7. „Love Hard“

Доказ дека сè што е лошо може да се претвори во добро е овој филм. Уморна од тоа што е сама, главната хероина во филмот одлучува да проба апликација за состаноци каде запознава маж од своите соништа – Џош.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content