СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Бизнисмен ќе му верува на Османи кога ќе им црта на дипломати место да коленичи

Кога ќе го видиме да им црта на странскоте дипломати на табла наместо да им коленичи можеби ќе му поверуваме, вели бизнисменот Венко Глигоров за министерот за надворешни работи Бујар Османи кој завчера правеше пиши – бриши на училишна табла во обид да објасни дека нема вето од Бугарија ако се смени уставот.

„Зошто Министерот не им црта на табла на ЕУ диплиматите за нашите барања и стравувања? Кој го плаќа министерот, ние или Они“, прашува Глигоров според кого можно е друг да го плаќа повеќе од нас.

„И затоа се пенави и објаснува (читај: лаже) нешто што на сите ни е јасно“, заклучува бизнисменот кој за разлика од многу други луѓе во бизнисот не се плаши да ги каже јавно својот став.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content