СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Зорица Ѓорчевска: Вања последен пат забележана кај „Броз кафе“, надлежните ни велат дека досега не памтат сличен ваков случај

Сите инспектори се вклучени, сите работат. Јас синоќа до три часот после полноќ бев во полициската станица „Беко“ и сите беа вклучени во потрагата. Вклучени сме сите, и полицијата, и роднини и пријатели и другарчињата. Сега излепивме и постери со ликот на Вања во Центар за полесно пронаоѓање, раскажува Зорица Ѓорчевска, мајката на исчезнатата Вања за „Макфакс“.

Телефонот на Вања, како што додава и натаму е исклучен.

Вања излезе вчера утрото во 07 часот и 20 минути а јас излегов по неа во 07 часот и 40 минути. По кратко време ми се јави нејзината класна и ми кажа дека Вања не е на училиште. Јас веднаш ја побарав но беше недостапна, телефонот и беше исклучен. Проверив на „Гугл Мапс“ и видов дека последно е регистрирана во близина на „Броз кафе“ на „Партизанска“, појаснува таа.

Вели дека Вања била весела вечерта пред настанот, и дека ништо не наведувало дека нешто такво може да се случи.

Вечерта беше весела, весела си отиде на училиште, не сме се расправале, отворено си разговараме за се. Ги распрашав сите нејзини другарчиња. Тие доаѓаа и претходно тука, се дружеа, си седеа. Но никој вчера не ја видел Вања во училиште, кажува мајката.

Вели дека како родители мислат само на најлошто и дека надлежните им кажале дека досега не памтат сличен ваков случај.

На 14-годишната Вања Ѓорчевска ѝ се губи траг вчера околу 7.20 часот, кога последен пат била видена на пат кон ОУ „Песталоци“ во Дебар маало, Скопје.

Министерството за внатрешни работи вчеравечер потенцираше дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на девојчето уште од моментот на пријавување за нејзиното исчезнување од страна на нејзината мајка, која случајот во полиција го пријави вчера во 08:35 часот.

За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта, се вели во соопштеието од МВР.

Оттаму апелираат да не се шират дезинформации и дека МВР постојано ќе ја информира јавноста до пронаоѓање на малолетничката.

И мајката на девојчето, Зорица Ѓорчевска, замоли да не се шират дезинформации кои ѝ штетат на истрагата.

Секој кој има било каква информација да се јави во полиција или пак кај мајката на телефонскиот број 075 400 816.

Девојчето било облечено во црни пантолони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели Најк патики со кафеава лента.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content