СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Пулексенија Јованоска ќе ја претставува Македонија на Олимпијадата во Токио

Олимпискиот стипендист на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) и членот на Карате федерацијата на Македонија, Пулексенија Јованоска, е седмиот македонски спортист кој ќе учествува на Олимписките игри во Токио 2020 година.

Игрите требаа да се одржат минатата година, но, беа одложени поради пандемијата со коронавирусот.

Јованоска која доби вајлд-карта за учество на овие Игри ќе настапи во дисциплината Кати. Таа ќе настапи на 5. август во Нипон Будокан салата, со почеток во 10:00 часот по Јапонско време, односно 3:00 наутро по македонско време.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content