СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Радио Холидеј ви посакува Среќна Нова 2021 година

Зад нас е уште една година заедничко дружење… Изминуват последните часови на 2020-та, можеби најтешката во новиот милинеум, во која бевеме 365 дена заедно со вас… Ние, редакцијата на Радио Холидеј, radioholidej.com.mk и Вие, нашата верна слушателска и читателска публика на нашето радио и портал, која ни остана верна и во деновите на пандемијата која го смени светот, која не затвори дома, ни го преврте животот наопаку, не отуѓи, ни го загрози здравјето, а за жал на многумина и им го одзема најсветото – животот.

Во овие не баш розови времиња, не знаеме дали и колку ни појде од рака барем малку да ве расположиме, насмееме, изненадиме, понекогаш шокираме, фасцинираме, колку што беше можно да ве релаксираме и опуштиме … Нам не ни се цел, ниту ни се приоритет политиката, црните хроники, непријатните случки, катастрофите, проблемите, немилите настани… Иако сакале или не, во оваа тешка година што изминува, не можевме да ги избегнеме. Создадени сме да ја третираме онаа, поубавата страна на животот, иако професионалноста и новинарската љубопитност, етиката и одговорност кон слушателот и читателот, понекогаш не ни даваше за право да го премолчиме и она – што не е баш за гордост, радост, пофалба, не е сјајно, бласкаво, розово… А тоа во 2020-та го имаше и премногу.

Сепак, како и од првиот ден и годинава се обидовме и во убавото и во помалку убавото да бидеме свои, уникатни, оригинални, едни и единствени.

Да сте живи и здрави, радосни и весели, да имате многу посреќна година, многу поубава од оваа „несреќна“ 2020-та, која заеднички ја испраќаме! Останете ни верни, зашто Радио Холидеј никогаш нема да ве изневери!

Редакцијата на Радио Холидеј и порталот radioholidej.com.mk Ви посакува Среќна Нова 2021 година, среќни Божиќни празници и… Чувајте се!

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content