СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Од 6-24 декември турнир во мал фудбал “Св. Никола” во Прилеп

Oд 8-ми до 24-ти декември во Спортската сала на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ ќе се одржи најновото издание на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2023”.

Наградниот фонд за ова издание на турнирот е повеќе од 450.000 илјади денари!

Пријавувањето започнува на 30.11.2023 година и ќе трае заклучно со 06.12.2023 година и истото може да го направите на телефонските броеви од флаерот.

-Ги повикуваме сите фудбалски и спортски љубители да го посетат и да бидат дел од овој традиционален турнир и уште еднаш да докажеме зошто Прилеп е најфудбалски град во Република Македонија – стои во соопштението од организаторите.

Бројот на екипи за „СВ. НИКОЛА 2023“ е ограничен на 32!

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content