СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

7 намирници кои поттикнуваат потемнување, но и ја штитат кожата

Одредени намирници можат да бидат ваши главни сојузници во добивањето тен на природен начин, без солариум и штетно зрачење!

Имено, жолтото и портокаловото овошје и зеленчук, како и темнозелениот лиснат зеленчук содржат голема количина на бета каротен, природен растителен пигмент, благодарение на кој многу брзо ќе имате исончан тен.

Еве кои намирници го имаат во изобилие:

1. Сладок компир

Содржи големо количество бета каротен, природен растителен пигмент, кој ја штити кожата од УВ зрачењето, а од друга страна го поттикнува нејзиното потемнување при сончање.

2. Моркови

Морковите исто така се еден од најдобрите избори доколку сакате природно да ја затемните кожата. Во однос на количината на бета каротен што го содржат, тој е веднаш под слатките компири. Експертите советуваат дека секогаш е подобро да се зема бета каротен на природен начин, со грицкање свеж морков. Колку повеќе моркови јадете, толку побрзо ќе го добиете посакуваниот тен. Покрај тоа што ќе имате прекрасен бронзен тен, ќе го зајакнете и вашиот имунитет!

3. Домати

Можеби нема да помислите, но овој зеленчук исто така помага при потемнување на вашата кожа на сонце. И идеален е во комбинација со моркови. Направете салата и уживајте во совршениот вкус!

4. Кељ

Консумирањето кељ во летните месеци ќе го направи вашиот тен блескав и бронзен, бидејќи е богат и со бета каротен.

5. Кајсии

Кајсиите се богати со природни пигменти кои им ја даваат таа привлечна жолтеникаво-портокалова боја. Ако ги јадете, тие пигменти ќе се „преселат“ на вашата кожа.

6. Јајца

Тие ќе му помогнат на вашиот бронзен тен да трае што подолго. Покрај тоа, тие се корисни за целото тело, бидејќи содржат бројни витамини како што се: калциум, селен, витамини А, Б и Д. Можете да јадете по две јајца дневно, велат експертите.

7. Спанаќ

Најдобро би било да го јадете сиров. Можете да го додадете, на пример, во салата. Антиоксидансите и бета каротенот се клучни состојки во спанаќот, што го прави идеален ако сакате брзо да се потемните.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content