СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

МВР предупредува: Има фишинг напади, граѓаните да не ги споделуваат личните податоци со непознати лица

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност на МВР периодов констатираше зачестена појава на таканаречени фишинг напади врз граѓаните, со цел неовластено прибавување на лични податоци од нив, информираат од ресорното министерство.

Фишинг нападот, како што појаснуваат, е обид за измама на корисниците преку испраќање на лажна порака која изгледа како вистинска.

„Фишинг нападите имаат за цел да го измамат примачот на пораката и да го наведат да ги открие своите лични податоци, да посети лажна веб страна или да отвори додаток (прилог) прикачен на пораката кој е заразен со вирус. Обидите за фишинг обично доаѓаат преку електронска пошта, но и од социјални мрежи, преку текстуална СМС порака или со телефонски повик“, се истакнува во соопштението на МВР.

Оттаму, МВР со цел заштита на граѓаните, на нивните лични податоци и можните злоупотреби и последиците што можат да произлезат, апелира до граѓаните за посебна внимателност при добивање на ваквите пораки, да не наседнуваат на измами од ваков тип и нивните лични податоци да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет, со цел спречување на нивна понатамошна злоупотреба.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content