СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Од денеска поскапуваат цигарите за 10 денари

Од денеска дел од цигарите поскапеа за 10 денари. Станува збор за повеќе брендови и видови на цигари кои добија нови цени.

Ако сакате да купите кутија Marlboro Core, Touch, Slim, Touch XL, Chesterfield Original, Blue, Silver, Original100s, Blue100s, Slim, Chesterfield Supreme, Bond, Oriental, Aqua и T.D Blue ќе платите 10 денари повеќе.

Бран поскапување на цигарите имаше и минатата недела кога дел од брендовите добија нови цени, исто така за 10 денари повеќе.

Поскапувањето на цигарите беше најавено уште минатиот месец, иако никој од производителите и увозниците на цигари во Македонија официјално не ја потврди таа информација.

Вакво нешто се очекуваше со оглед на трендот на зголемување на цените на суровините, репроматеријалите и енергенсите, пред сѐ гасот и електричната енергија, кои имаат значителен удел во производството.

Притисок врз цената на цигарите создава и редовното годишно зголемување на акцизата, која како дополнителна давачка ја воведе државата за да го дестимулира пушењето. Имено, секоја година, почнувајќи од 2013 година, па сѐ до 2023 година, акцизата на цигарите се зголемува за најмалку пет денари по кутија.

Во изминатите години, за да избегнат поголемо поскапување на цигарите, некои производители и увозници на цигари, носеа одлуки да преземат дел од трошокот за зголемената акциза врз себе.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content