СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Синдикатите на протест, во Собранието жестока дебата

Конфедерацијата на слободни синдикати на протест против носењето на законот за административни службеници со европско знаменце. Тој вчера го помина комисискиот филтер и сега е спремен за гласање. Синдикалците тврдат дека ако се изгласа, платите на вработените во јавниот сектор нема да се усогласат со порастот на минималната плата во март. Со тоа, според нив, голем дел од администрацијата ќе остане работи на минималец.

„Еден закон е објавен на ЕНЕР, друг закон е во Собрание, а немавме шанса за јавна дебата. Овој закон кој треба да биде реформа на јавната администрација нема ништо реформски во него. Со овој закон уште повеќе се поттикнува непотизмот и клиентизмот“ – Благоја Ралповски, Претседател на КСС

Ралповски рече дека на протестот ги поканиле сите пратеници, но поддршка добија само од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.  Велат за последната изменета верзија на законот не бил прашан никој.

„Не можете вие да дискутирате за една верзија на закон и да кажете дека за таа верзија на закон сите се консултирани, а потоа сосема друга верзија да пратите во собрание, само истиот наслов да го задржите и да кажете да, политичките партии беа информирани. Тоа е таа манипулација“ – Стефан Андоновски, заменик министер во МИОА.

И додека надвор синдикатите протестираа, внатре во Собранието се водеше жестока дебата. На комисиска расправа сега е вториот од пакетот закони за администрација предложени од министерството за информатичко општество. Власта и опозицијата ги судрија своите аргументи. Едните велат дека прават реформи, другите, пак, дека ќе бидат оштетени над 30 илјади работници.

„Поголем криминал од ова е невиден. На месец дена пред избори вака дрско да се однесувате со луѓе коишто со мака заработуваат леб, па и вашите партиски вработени, чии и да се. Не знам како не ви е срам, како ќе одите во кампања“ – Дафина Стојановска, ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ е сигурно љубоморно кон министерот што успеал за еден краток период да предложи ваков сет закони. Вие ја натрупавте администрацијата. Македонија со 1.8 милиони жители има 135 илјади административци“ – Халил Снопче, Алијанса за Албанците

Четирите закони најверојатно ќе се гласаат заедно откако ќе бидат разгледани на комисијата за европски прашања, секој по два дена.

Алиу минатата недела се закани со оставка од министерската позиција доколку СДСМ и ДУИ не ги процесуираат овие закони во парламентот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content