СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Продолжува интервјуирањето на кандидатите за членови на Антикорупциската комисија

Во Собранието на Република Македонија денеска треба да продолжи интервјуирањето на кандидатите за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

За новиот состав на Антикорупциската комисија пријавени се 42 кандидати. Се очекува испрашувањето на кандидатите да заврши денеска, а одлуката кои кандидати го минале комисискиот филтер да се знае до крајот на следната недела.

Комисијата за селекција на кандидатите беше формирана на 14 овој месец согласно Одлуката на Собранието за објавување јавен оглас за избор на претседател и членови на ДКСК.

Мандатот на актуелните членови на Комисијата – Билјана Ивановска, Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемси Салаи истекува на 7 февруари следната година и тие немаат право на повторен избор. Новата комисија треба да почне да функционира на 8 февруари следната година.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content