СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Спој на човекот со машина кој ќе го промени светот

Со помош на новата технологија на егзоскелет, машина која е прикачена на телото на корисникот, човекот кој со години бил парализиран успеал после една деценија агонија да ги направи првите чекори кон напредокот и самостојниот живот.

Како што пренесува „BBC“, 30-годишниот Тибо кој пати од тотална парализа на сите четири екстремитети, со помош на егзоскелет кој преку микрочип ги прима мозочните бранови директно од мозокот, успеал да ги направи првите чекори со коментар дека „се чувствува како првиот човек на Месечината“.

Приказната за Тибо датира од 2019-та година, но вреди да се потсетиме.

Неговите движења се далеку од совршени, но експертите од полето на роботиката рекле дека ова е крупен чекор кон унапредувањето на животите на милиони луѓе, кои со години живеат со парализа.

 

По кој принцип функционира егзоскелетот?

Првиот чекор бил Тибо да биде подложен на операција, со која на површината на мозокот одговорен за движење биле вградени два импланти. На имплантите се наоѓаат се наоѓаат 64 електроди кои директно примаат импулси од мозокот или ги читаат мислите и ги праќаат до компјутерот. После тоа, софтверот ги претвора во команди кои ги добива егзоскелетот. Тибо морал да биде поврзан на егзоскелетот и кога неговиот мозок ја дава командата „оди“, започнува ланец од инструкции кои резултираат со движење.

По повредата на ’рбетниот столб настаната во несреќа во еден ноќен клуб, останал целосно парализиран и многу емотивно ги доживеал своите први чекори после несреќата.

 

 

Колку е егзоскелетот ефикасен?

Егзоскелетот е тежок 65 килограми, корисникот мора да биде поврзан со кабли, па можеме да кажеме дека оваа технологија сè уште не е усовршена. Тибо сè уште не може да врши брзи и прецизни движења, но експертите сметаат дека ова е првиот чекор кон победување на парализата и моторните заболувања.

Бидејќи егзоскелетот е сложена технологија, некои експерти наведуваат дека ќе биде скап и непристапен за сите луѓе со повреди на ’рбетниот столб.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content