СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Роналдо израмни рекорд стар 59 години во Серија „А“

Кристијано Роналдо го израмни рекордот стар 59 години со два нови погодоци во победата на Јувентус над Парма (4:0) во 13. коло од Серија А.

Португалецот оваа календарска година постигна 33 голови во Серија „А“, исто како и Оман Сивори (исто така во дресот на „старата дама“) кој последен пат успеа да го стори тоа во 1961 година.

Тој стана само четвртиот играч кој постигнал 33 или повеќе голови во текот на календарската година откако се игра фудбал на „чизмата“. Пред нив во тоа успеаја Гунар Хордал (36 гола во 1950 година) и Фелис Борел (41 во 1933 година).

 

Роналдо би можел дополнително да го подобри својот учинок на натпреварот во вторник со Фиорентина.

И додека Португалецот од коло во коло докажува дека не е за во „канта“, постојат многу шпекулации дека би можел да направи уште еден трансфер. Пред неколку месеци се споменуваше можноста тој да го носи дресот на Пари Сен Жермен, а кога таа приказна стивна, Манчестер Јунајтед повторно се појави.

Извори блиски до „Олд Трафорд“ наведуваат дека познатиот производител на автомобили и спонзор на „црвените ѓаволи“ би сакал да го финансира неговото враќање во Англија.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content