СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Одбележување на 152 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев

Во чест на 152 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, во 10:00 часот, на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“-Скопје, свежо цвеќе ќе положи претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, владина делегација предводена од Бојан Маричиќ, прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашања, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура, Беким Реџепи, заменик министер за транспорт.

Поради безбедносни протоколи, потребно е медиумските екипи да се пристигнати на еден од двата пункта за контрола од страна на МВР најдоцна до 09:00 часот (едниот на крстосницата кај „Меморијалниот центар на холокаустот“ или другиот кај Мустафа-пашината џамија) и од таму пеш треба да се упатат кон црквата „Св. Спас“.

Медиумските екипи треба да бидат поставени во црквата „Св.Спас“, најдоцна до 09:15 часот. Потребно е медиумските екипи со себе да ги носат сопствените новинарски легитамации.

Во 10:30 часот, владина делегација составена од Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање, Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content