СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Денеска протест на здравствените работници

Здравствените работници денеска на протест пред зградата на Министерството за здравство.

Организатор е гранковиот синдикат при ССМ и синдикатот на Клинички центар. Тие пред ресорното министерство ќе излезат во 12 часот, со цел да изразат незадоволство од, како што велат, игнорантскиот однос на министерството и на Фондот за здравство кои не одговараат на нивните барања за анекс на колективниот договор со кој се предвидува зголемување на месечните примања по 2.000 за лекарите до 3.000 денари за сестрите и другиот среден кадар, кои со покачувањето на минималната плата се изедначија со хигиеничарите.

Синдикатите информираат дека, и покрај протестите, нема да има застој во давањето на здравствени услуги на пациентите, но додаваат и дека доколку не се исполнат нивните барања ќе се организира генерален штрајк во јавното здравство.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content