СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Во тек е исплата на пензиите за месец јули

Од денеска започнува етапна исплата на пензиите за месец јули, информира Министерството за труд и социјална политика.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во две групи, според висината на пензијата. За пензии со висина до 14.000 денари, исплатата се врши на 31.07.2023 година (понеделник), за пензии над 14.001 денари исплатата се врши на 01.08.2023 година (вторник) – се наведува во соопштението.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 31 јули. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content