СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Џамбаски со нацистички поздрав го напушти Европарламентот, Мецола го осуди ваквиот потег

Францускиот европратеник Сандро Гози ја повика претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола да реагира на недоличното однесување на нивниот колега од Бугарија Ангел Џамбаски, кој ја напуштил салата на Европарламентот со нацистички поздрав.

Џамбаски ова го сторил откако во текот на дебата за пресудата на Европскиот суд на правдата (ЕСП) со која се критикува владеењето на правото во Унгарија и Полска.

Ова веднаш предизвика бројни коментари на твитер, а Ангел Џамбаски одговори дека само мавнал со раката отпоздравувајќи. Тој претходно одлуката на ЕСП ја нарече одвратна.

Реагираше и претседателката на Европскиот парламент Мецола: „Фашистички поздрав во Европскиот парламент за мене е неприфатливо – секаде и секогаш… Ваквиот потег е дел од нашата најтемна историја и таму мора да остане“, напиша на својот твитер-профоил Мецола.

Бројни се коментарите кои му даваат целосна поддршка на европратеникот Сандро и кои се сомневаат во ваквото објаснување на Џамбаски.

По оставката на Красимкр Каракачанов, пред една недела Ангел Џамбаски стана еден од тројцата потпретседатели на бугарската партија ВМРО и е еден од најгласните бугарски политичари кои сметаат дека Македонците се всушност Бугари, кои од 1945 година се самоопределиле како Македонци.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content