СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Пожарот на депонијата Алинци е подметнат

Два дена гори депонијата Алинци. Густ чад и неподнослива миризба на запален отпад се шири низ Пелагониско поле до Прилеп и предизвикува реакции кај граѓаните.

„Пожарот на депонијата Алинци е подметнат, но е локализиран“, велат од ЈКП „Комуналец“.

„Во вторникот добивме дојава околу 16 и 15 часот дека од западната страна на депонијата Алинци, во делот на ламела каде се одлага текстилен отпад, има пожар. Веднаш интервениравме со механизација и со сите расположливи човечки ресурси и благодарение на помошта на ТППЕ – Прилеп и општествено одговорни фирми кои ни помогнаа со механизација, пожарот беше изгаснат еден  часот по полноќ. Но, утрово ,денеска, повторно добивме дојава дека депонијата е опожарена и дека гори од спротивната страна. Се сомневаме дека како причина за предизвикување на овие два пожари на депонијата Алиници е човечкиот фактор, надворешни лица, кои намерно подметнуваат пожар на депонијата од непознати причини“- истакна директорот на ЈКП Комуналец, Рубин Абрашоски, кој  побара помош и од командирот на ПС – Прилеп за поголема присутност на полицијата во оваа област, со цел да се спречи палењето на депонијата.

Денеска одржа средба и Кризниот штаб за да се утврди причината и да се стави крај на палењето на депонијата која со нејзиното горење го загадува Прилепското поле.

ТППЕ-Прилеп за гаснење на пожарот на депонијата Алиници денеска учествувааше со  4 противпожарни возила – цистерни и 8 пожарникари и јас како командир. Стоиме на располагање, но морам да истакнам дека ние покриваме голема површина Општина Долнени и општина Прилеп каде само за еден месец имам 180 пожри на отворено. Затоа апелирам да се внимава со огнот и палењето на оган на отворено за  да не се предизвикуваат пожари на штета на природата. Во сите случаи каде сме интервенирале како причинител е човечкиот фактор“- истакна Христијан Момироски, командир на ТППЕ – Прилеп.

Депонијата Алинци се протега на површина од 40 декари. Годишно на неа се одлагаат 32 илјади тони отпад, од кои 690 тони е исклучиво текстилен отпад, лесно запаллив.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content