СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Сабота и недела ќе се игра женскиот кошаркарски куп на Македонија

Четири екипи со исти желби да се освои победничкиот пехар наменет за најдобриот во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, тргнуваат на завршниот турнир кој овој викенд (2-3. март) ќе се одржи во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Претставниците на четирите финалисти, Баскет кам 2011, Крива Паланка, Вардар и МЗТ Скопје Аеродром на прес-конференцијата ги искажаа своите очекувања во пресрет на полуфиналните средби кои се на програмата на 2. март (сабота).

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја има таа чест да го брани победничкиот трофеј кој го освои во ланското издание на финалниот турнир.

Жаклина Стојановска вели дека екипата која ја има на располагање е подготвена да тргне во битки за победничкиот пехар:

„Сите учесници ќе бидат максимално мотивирани и ќе атакуваат на освојување на Куп трофејот. Очекувам да имаме одлични натпревари со добар квалитет, за љубителите на женската кошарка да може да уживаат. Ние како лидери на првенствената табела ќе треба да ја оправдаме таа позиција. Во нашите редови има квалитетни кошаркарки. Поради тоа јас не гледам зошто ние не ми биле тие кои би имале позитивен исход на крајот на овој турнир. Ги повикувам нашите поддржувачи, па во недела заедно да се радуваме, ако ја исполниме нашата цел“, вели Стојановска.

Виктор Петровски, пак за прв пат во својата тренерска кариера ќе биде дел од финалниот турнир во националниот Куп, и тоа како предводник од клупата на кошаркарките на Крива Паланка:

„Да, ова е прво учество за мене, воедно сакам да им честитам на сите четири екипи кои се пласираа на финалниот турнир. За ЖКК крива палнка ова е второ учество во завршницата на ова натпреварување. Ние ќе дадеме се од себе да направиме добар резултат. Купот носи неизвесни мечеви. Екопата на Баскст Кам влегува како фаворит, но реков, ќе дадеме се од себе да одиме до добар резултат и да донесеме многу радост во нашиот град, Крива Паланка“, вели Петровски.

Тренерот на екипата од Аеродром, Горан Крстевски ги искажа своите очекувања поврзани со учеството на финалниот турнир:

„На сите учесници да им посакам добра игра. Би бил среќен ако салата биде полна и да направиме ова да биде празник на кошарката и женската кошарка да го подигне нивото. Куп натпреварите вообичаено, се без фаворити. За мене сепак прв фаворит е екипата на Баскет кам, барем според она што го прикажуваат сезонава. Што се однесува до полуфиналето со Вардар, очекувам добра игра. Иако ги победивме два пати сезонава, сепак тешко е да ги победиш и трет пат во низа. Затоа блага фаворитската улога му ја препуштам на Вардар. Меѓутоа, далеку од тоа дека ние ќе се предадеме. Напротив ако се укаже шанса сакаме да го одбраниме трофејот“, вели Крстевски.

За место во финалето, (во сабота од 18.30 часот), во второто полуфинале, за противник ја има екипата на Вардар.

„Најпрво да им посаќам среќа на сите екипи учеснички на финалниот турнир, се надевам дека како и во овие сите изминати години кои се зад нас, така и оваа година ќе биде драматично, неизвесно, со доста добри напрeвари за гледање. Повикувам, не само претставници од клубовите кои ќе бидат дел од турнирот, туку и многу други, да дојдат во што поголeм број во СРЦ „Кале“. Да видат нешто ново, односно нешто неизвесно и драматично да ја пoттикнеме кошаркарската љубов кај неко имлади девојчиња кои би требало да бодат дел од идните генерации. Првенствено посакувам трибините во салата да бидат исполнети, бидејќи девојките го заслужуваат тоа. Ние како Вардар како и секоја година така и оваа атакува на трофејот. Но јас ќе одам чекор по чекор, натпреварот со МЗТ Скопје. Одигравме два неизвесни првенствени натпревари со МЗТ кои завршија со победа на противникот.  Јас сега се надевам дека ние ќе победиме и дека ќе обезбедиме пласман во финалето“ – изјави тренерот на „вардарки“ Александар Ашаданов.

Екипата на Баскет кам 2011 е актуелен шампион, освојувач на Супер Купот, па следна цел на екипата од Македонска Каменица е враќање на приматот во Купот на Македонија.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content