Спорт

Работнички го доби дербито против МЗТ Скопје

Кошаркарите на работнички го добија дерби дуелот против МЗТ Скопје Аеродром кој се играше во два дена.
Средбата од 19.коло кој започна вчера, а беше прекината поради неспортскиот односно на дел од публиката. Во 27 минута, при водство на Работнички од 62-53, продолжи попладнево, но пред празни трибини.
Предноста од 12 поени која ја остварија вчера, домаќините не само што успеаја да ја одржат туку на крајот и ја зголемија на 16 поени, па со конечни 100 – 84 Работнички ја оствари и 19.победа во исто толкуте одиграни средби во домашниот шампионат.
За МЗТ Скопје ова беше шести пораз во првата македонска лига, па сега аеродромци заостануваат две победи зад второ пласираната Блокотехна.
Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *