СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Втор конгрес на медицински сестри во Струга

Вториот конгрес на медицинските сестри ќе се одржи денеска во Струга, соопштија Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“.

Унијата на ЗМСТАС, годинава предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, за првпат како рамноправна членка на Балканската асоцијација на медицински сестри, го организира овој голем едукативен настан на тема „Здравствената нега – научна дисциплина“. За првпат ќе бидат доделени и одликувања од прв ред во име на првата македонска медицинска сестра – Славјанка Влахчева, се наведува во соопштението.

Предвидено е видео обраќање од претседателот на државата Стево Пендаровски, како и присуство на претставници од министерствата за здравство и образование.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content