СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Загинал крушевчанец кога воз удрил во автомобилот во близина на железничката станица во Прилеп

Несреќата била пријавена утрово околу 4 часот во СВР Битола.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на железнички премин на улица „Трајко Николоски“ со улица „Леце Котески“ во Прилеп, каде што возот удрил во патничко моторно возило „Поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.И. (76) од Крушево, кој починал на самото место.

– Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Прилеп, информира МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content