СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Избори 2024

Власта и опозицијата со предизборни обвинувања: Кој користел свои функционери за црна кампања?

Власта и опозицијата во предизборен клинч за тоа кој има или нема програма за подобра иднина на граѓаните или план за државата. При тоа со меѓусебни обвинувања за злоупотреба на службена положба на функционери од двете страни за креирање на црна кампања.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека во црната кампања против нив, СДСМ користела фалсификувани документи кои, како што велат, биле фабрикувани, преку израелскиот пи-ар статег Асаф Еисеин за кого наводно имало истраги за фалсификување и генералниот секретар на партијата Зечевиќ, како и со дозвола добиена од актулениот шеф на државата Пендаровски и дикреторот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу.

„Свесни за изборниот дебакл, се преминува во злоупотреба на институции, Кабинет на Претседателот и Агенцијата за разузнавање, кои што наместо да работат во одбрана на Македонија, се занимаваат со црна кампања и фалсификување за Стево Пендаровски.

Заедничка работа на овој тим управуван од Асаф Еисин, со одобрување на Пендаровски е да склопат и креираат наводни документи, фалсификувани листови, врз определени податоци, (на пример седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во декември, на која е споменат РИШ) па сето тоа да го зачинат, со лажни податоци за имиња, насоки и сето тоа со фалсификување на потписи на лица коишто се познати во јавноста, како и со лица кои што не постојат“

Од ВМРО-ДПМНЕ со коментар дека Еисин своите услуги ги нудел и во ВМРО-ДПМНЕ, но дека тие го одбиле по што отишол во СДСМ.

Од кабинетот на Пендаровски ги демантираат овие наводи за некаква поврзаност со странски консултант и обивнуваат дека ВМРО-ДПМНЕ немајќи реална изборна понуда планирале противзаконски активности.

„Во врска со оваа афера, очекуваме Јавното обвинителство да ги испита сите наводи изнесени во медиумите, а, за изнесените лаги на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ ќе следува тужба за клевета“, велат од кабиентот на претседателот.

И од власта пак, тврдат дека опозцијата креира црна кампања бидејќи нема план.

Мицкоски и ДПМНЕ немаат план за иднината на државата и досега немаат ниту една порака за граѓаните во кампањата. Тие би сакале изборот пред граѓаните да биде за ништо. Затоа фабрикуваат лажни информации, зборуваат за нашата кампања, кој каде бил и слично, испраќаат агресивни и празни пораки. Но ништо за нив и нивната понуда пред граѓаните немаат кажано. Силјановска ја следи оваа линија и таа е целосно маргинализирана.

Од таму повикувајќи се на овие документи за наводни лажни анкети тврдат дека функцијата ја злоупотребил претседателот на ДИК Александар Даштевски

„Во документите на ДПМНЕ меѓу задолжените лица за неопределени гласачи, обезбедување избирачки список е наведен претседателот на ДИК Александар Даштевски. Претседател на ДИК, според законските прописи не смее да учествува во партиски активности на која било партија“, коментираат од партијата на Ковачевски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content