СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

МАН: Целосна поддршка на здружението на електронски медиуми „Медиум Објектив”

Македонската асоцијација на новинари (МАН) му дава целосна поддршка на здружението на електронски медиуми “Медиум Објектив” во одлуката да започнат со штрајк преку прекин на програмата.

– На лошата економска состојба во локалните и регионалните медиуми, МАН предупредува со години. Ние уште пред 2020 година предложивме решение преку буџетско субвенционирање на надоместокот за дозвола (лиценца) за работа, како и дефинирање механизми за реализирање кампањи од исклучителен јавен интерес, а тоа значи и соодветна измена на член 102 од Законот за Законот за аудио-визуелни услуги.

– За ова сме разговарале повеќепати со преставници на претходните влади. Се даваат над 7 милиони евра за НВО од буџетот на РМ, а не се обезбедуваат субвениции за медиумите кои остваруваат дејност од јавен интерес за сите граѓани.

Владата финансира несуштински дејности, наместо да обезбеди законска рамноправност за сите медиуми.

Мора да дефинираат механизми за кампањи од јавен интерес, бидејќи Македонија е единствената земја во Европа која со закон ги забранува.

МАН ќе продолжи да ги поддржува локалните и регионалните медиуми борејќи се за регулирање на нивниот статус и и финансиска независност пред надлежните институции.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content