Култура

Раде Силјан доби високо одликување од Претседателот на Унгарија

Претседателот на Унгарија, Јанош Адер, по повод националниот празник на државата, го одликува Раде Силјан со орденот „Златен крст за заслуги“.

Ова високо признание на познатиот македонски писател му се доделува за неговиот повеќедецениски ангажман во афирмацијата на книжевните вредности на унгарската литература на македонски јазик.

Признанието го врачи Амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија Н.Е. д-р Ласло Дукс.

Раде Силјан зад себе има богат творечки опус. Автор е на 15 стихозбирки, 11 книги со критики и есеи и 12 антологии од македонската и балканската поезија и проза. Избрани дела од неговиот опус се објавени во шест тома. Добитник е на национални и на меѓународни награди, меѓу кои и на наградата „11  Октомври“ за животно дело. Застапуван е во панорамски и антологиски избори од современата македонска поезија, а посебни  книги од неговото творештво се објавени на англиски, албански, бугарски, романски, украински, руски, молдавски, италијански, унгарски, турски, полски, српски и грчки јазик.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *