СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Вевчани се подготвува за Вевчанскиот карневал

Во тек се подготовките за годинашното издание на Вевчанскиот карневал што на 12, 13 и 14 јануари традиционално се одржува во Вевчани. Општина Вевчани најави богата програма со народна и забавна музија, но детали околу тоа кој ќе настапува на 12 и 13 јануари не соопштува.

На 12 јануари веќе традиционално се организира програма од забавна, а на 13-ти од народна музика и сето тоа испреплетено со традиционалното дефиле на маски, кое завршува со палење на маските на 14 јануари во центарот на Вевчани. Подготовките за Вевчанскиот карневал се веќе почнати. Очекувајте прекрасно издание со одлична програма, која ќе ги задоволи вкусовите на сите посетители и учесници, најавува Општина Вевчани.

И василичарските друштва Горна и Долна маала се подготвуваат за најочекуваниот ден во годината во Вевчани, но изборот на маските не го откриваат до последен момент, до дефилето на 13 јануари.

Според традицијата, Вевчанскиот карневал почнува на 13 јануари напладне со дефиле на маски на двете василичарски друштва Горна и Долна маала. Неизоставен дел од традицијата се зетот, невестата, двата ѓаволи, Глупавите Августи и останатите маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања. Секое карневалско издание за вевчанци е доживување и инспирација за изработка на маска за следната година. Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, на 14 јануари.

Вевчанскиот карневал е една од најстарите манифестации со традиција од околу 15 века.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content