СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Потпишан етичкиот Кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан Кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, беше назначен за следење и спроведување на новиот Кодекс.

Како што беше посочено на седницата, Кодексот не ги опфаќа само членовите на Владата, министрите, туку и сите други функционери назначени од Владата. Тоа ќе важи и за директорите на самостојни органи, директори и членови на одбори на јавни претпријатија, раководни лица во акционерски друштва во државна сопственост. Основната намена на Кодексот е обезбедување на отчетно и транспарентно работење на функционерите на извршната власт, односно градење на систем на интегритет и добро владеење.

 

Премиерот Зоран Заев изјави дека обврзувањето на Кодексот значи почитување на уставноста, законитоста, професионалниот интегритет, ефикасноста, лојалноста, одговорноста и транспарентноста на Владата и на сите владини институции.

Потписот е нашата согласност дека ги прифаќаме сите највисоки етички принципи за заштитата на човековите слободи и права, при вршење на нашите функции и должности во рамките на Уставот, законите и меѓународните договори, ратификувани согласно Уставот на Република Северна Македонија“, истакна Заев.

Со донесувањето на новиот Кодекс за етичко однесување, рече Заев, исполнета е и препораката на ГРЕКО за практично спроведување на Кодексот и Насоките преку посебен механизам, воведување на мерки за санкции и започнување на системско подигање на свеста за добро управување на лицата кои вршат највисоки извршни функции.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content