СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Без решение за платите, вработените во УЈП одат на генерален штрајк, Лукаревска не сака ни да помисли на тоа

Денеска се одржа првата работна средба во рамки на процесот на помирување помеѓу синдикалната организација „Солидарност” и Управата за јавни приходи како работодавач.

Како што информираа од синдикалната организација „Солидарност”, средбата се одржа заедно со помирувачот Илија Манасиев во просториите на Управата за јавни приходи.

Манасиев е назначен откако претходниот помирувач Лазар Јовевски се откажа поради тоа што бил во странство.

„Секогаш во секој спор во кој што влегувам сум оптимист, а оптимист сум и во овој спор“, нагласи Манасиев, надевајќи се на краен успех и разбирање меѓу двете страни.

Очекувам, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска, дека како што функциониравме и во изминатиот период на база на разговор и дијалог што го имавме како работодавач кон синдикатот, дека ќе изнајдеме најсоодветно решение.

„Овој проблем што произлезе, ќе биде и соодветен предизвик и очекувам дека на крајот ќе имаме резултати. И УЈП како работодавач и репрезентативниот синидикат сме биле на иста страна во она што значи унапредување на УЈП и остварување на работничките права“, подвлече таа.

Преставникот на синдикаланата организација „Солидарност“ изрази убедување дека со отпочнувањето на процесот на помирување ќе се дојде до одлука за согласност за потпишување на Колективен договор со кој што врабтотените би ги оствариле своите права.

„Најбитно во сето тоа е зголемувањето на правото на плата, односно зголемувањето на платите на вработените за посочените 30 посто и сето тоа да биде направено независно од донесените одлуки од страна социјално-економскиот совет. Состојбата со платите е таква, што тие се за 30 проценти помали од утврденото во постојниот Колективен договор. Убеден сум дека помирувачот доследно ќе ја заврши работата. Секоја одлука надвор од посочената рамка, ќе претставува автоматски отпочнување со генерален штрајк. Тоа е состојба на која уште од самиот почеток укажувавме дека истата не е пожелна“, рече синдикалниот претставник.

Запрашана што ќе се случи во државата доколку вработените во управата се одлучат на генерален штрајк, Лукаревска одговори дека не сака ниту да помисли дека до такво нешто може да дојде.

„Процесот на преговарање е доволен доказ за да не дојде до генерален штрајк. Не ни сакам да помислам дека ќе дојде до тоа“, потенцира Лукаревска

Вработените од Управата за јавни приходи од 15 јуни, секој нареден ден од 10 до 12 часот, штрајкуваат без да ги извршуваат своите обврски од работното место. Тие бараат зголемување на платите за 30 отсто, а доколку не биде исполнето нивното барање најавуваат активирање на одлуката за генерален штрајк.

Оттаму велат дека доколку не се изнајде решение и дојде до генерален штрајк, тоа нема да биде по нивна вина.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content