СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Приведени крадци од Прилеп, украденото вратено на сопственикот

На 13.02.2022 околу 16.00 часот на ул.„Трајко Николовски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.А.(39) и Е.Р.(35) од Прилеп.

Тие се сомничат дека претходно, во кругот на терминалот на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ на ул.„Трајко Николовски“ во Прилеп, одзеле неколку предмети. Двајцата биле приведени во полициска станица, а предметите биле пронајдени и вратени на правното лице. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена сооодветна пријава.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content