СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Избори 2024

Грозоморна навреда кон Силјановска на митинг на СДСМ, Пендаровски и Кузеска се смеат (ВИДЕО)

Грозоморна навреда кон Силјановска се случи вечерва на митингот на СДСМ во Куманово.

Наместо да ја осудат навредата на полова и старосна основа која беше наменета за професорката Гордана Силјановска Давкова која е ривал на Стево Пендаровски, претседателот и портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска се смеат.

Во еден момент од митингот на СДСМ Пендаровски дава дозвола на еден граѓанин да коментира од официјалниот микрофон.

Граѓанинот тогаш мислејќи на Силјановска вели дека ,,Од баба невеста не бидува” и вели дека има само еден што може да биде претседател а тоа е Пендаровски.

Наместо да ги осудат навредите Пендаровски и Кузеска се смеат.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content