СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Пропадна законот за амнестија

Владејачката СДСМ нема да гласа за новиот Закон за Амнестија иако тој доаѓа како предлог од Владата која тие ја поддржуваат.

Партиски извори велат дека и покрај тоа што овој закон поминал на влада, ставот на партијата е дека тој нема да го постигне посакуваниот ефект.

Дека постои разидување на релација СДСМ – Алијанса за Албанците, од каде доаѓа Министерот Лога, покажа и изјавата на неговата заменичка во Министерството за правда, Викторија Мадиќ која првично најави дека ќе поднесат амандмани кои пред се ќе спречат осудените во Монструм да излезат на слобода.

Со ваквиот став на СДСМ станува јасно дека Законот за амнестија нема да помине во Собранието иако од претходно, опозицијата имаше најавено 5.000 амандмани.

Останува да се почека на ставот на АЛијанса за Албанците кои најавија и можен прекин на соработката со СДСМ доколку не помине ова законско решение.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content