СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Наставниците ќе можат да предаваат од дома за да се спречи ширењето на вирусот и да се заштеди на греењето

Наставниците во договор со директорите на училиштата да одлучуваат дали онлајн часовите ќе ги предаваат од училница или од дома, пресече Министерството за образование. Целта е да се заштеди на греење на училишните објекти кога е неопходно, но и да се спречи ширењето на коронавирусот. Но, од наставниците се бара изјава со која потврдуваат дека ги поседуваат сите услови за да предаваат од дома.

Министерката Царовска на состанок со директорите на училиштата информираше за можноста работата на наставниците да биде организирана од дома со претходна согласност од самите директори. Во оваа насока, направени се и измени на Планот за организација на учебната 2020/2021 година кој е објавен на сајтот на МОН и споделен со училиштата. Оваа информација во меѓувреме е неколку пати и јавно споделена, појаснуваат од МОН.

 

Според информациите на СОНК, околу 1.000 наставниците се или заразени или во изолација. Голем дел од нив предаваат од дома. Меѓутоа, има случаи каде директори не ги пријавуваат заразените и тие во изолација, но и наставници кои самите кријат, а предаваат од дома.

Самите не се пријавуваат од разно-разни причини или од сопствено убедување дека не треба да се пријават. Ние апелираме поради безбедносни причини, не поради бројка, да се пријават и да се регистрираат и конечно оваа болест да ја ставиме под контрола. Денеска не е срамота да си заразен, срамота е да лажеш и да се криеш, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Сител контактираше повеќе скопски училишта за да праша колку од наставниците предаваат од дома и дали директорите донеле одлука за таков вид настава. Дел од директорите се уште чекаат официјален допис од МОН. Велат оти додека не го добијат нема да им дозволат на наставниците да работат од дома.

Сепак, генералната слика е дека речиси секаде на наставниците им се дозволува часовите да ги предаваат од дома доколку имаат таква потреба. А, има школи каде професорите уште од претходно се поделени во групи според предметите што ги предаваат за да се избегне создавање големи кластери.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content