СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Се замрзнуваат цените на тоалетната, влошките, влажните марамчиња, пелените

Владата ќе ги замрзне цените на хигиенските производи. Ова ќе значи одредување највисока цена по која може да се продаваат продуктите. Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека станува збор за: тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни, хигиенските влошки.

„Намалувањето ќе биде 13 отсто од цените што биле во трговијата на мало на 20 март оваа година. Одлуката се носи врз основа на анализи“, додаде Бектеши.

„Од периодот од 1 март до 24 март 2023 година цената на тоалетната хартија се движела од 94,8 до 205 денари и на оваа цена кога ќе се пресмета и ДДВ, таа би се движела од 111,8 денари до 241,9 денар, а главно повеќе од сите овие производи од 85 % се увезени во нашата држава. Цената на влажните марамчиња во просек се движела од 94,6 денари во јануари, 94,5 во февруари и 83,2 денари во март 2023 година, каде што имаме царинска ставка од 6 % и не е вклучено ДДВ. За пелените, цената се движи од 36 денари за парче до 1.600 денари за кутија со повеќе пакувања и тука не е вклучено ДДВ“, додаде Бектеши.

Тој рече дека Владата е подготвена да се откаже од ДДВ-то за овие производи, но за тоа треба да одлучи Собранието.

„Зошто го напоменувам ДДВ, за жал, во собраниска процедура од декември имаме законско решение за овие производи да се решат долгорочно во делот на намалување на ДДВ од 18 на 5 % и ден-денес не е свикана Комисијата за финансирање и буџет сè со цел да се усвои тоа законско решение“, додаде министерот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content