СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

За една недела, три килограми помалку

Изгубете го вишокот килограми лесно и здраво, без исфрлување на ниту една група на намирници.

Есента изобилува со големи трпези кои многу негативо влијаат на вашата витка линија. За да се ослободите од вишокот килограми или да ја спречите нивната појава обидете се да ја држите оваа лесна диета со чија помош ќе изгубите три килограми за една недела, а таа нема негативно да влијае на вашето здравје.

Предноста на оваа диета е тоа што не морате да исфрлувате ниту една група на намирници, а ниту количината која ќе ја изедете не е ограничена.

Појадокот секој ден е ист, а се состои од грејпфрут, кафе или чај без шеќер, 1 интегрален двопек.

Прв ден

Ручек: Мешано месо, домат, кафе, лимонада без шеќер

Вечера: Риба од конзерва или на скара, салата од свеж сезонски зеленчук, обарен зеленчук, грејпфрут

Втор ден

Ручек: Овошна салата

Вечера: Ќебапи, домат, целер, маслинки

Трет ден

Ручек: Салата од туна прелиена со лимон, 1 интегрален двопек

Вечера: Бифтек или некое друго месо на скара, сезонска салата

Четврти ден

Ручек: Две варени јајца, сирење

Вечера: Варено пилешко или пилешко на скара, свежа сезонска салата

Петти ден

Ручек: Сирење, обарен спанаќ, интегрален двопек

Вечера: Риба од конзерва или на скара, мешана салата, обарен зеленчук

Шести ден

Ручек: Овошна салата

Вечера: Пилешко варено или на скара, мешана салата

Седми ден

Ручек: Пилешко на скара или варено, домат, обарен зеленчук, грејпфрут

Вечера: Месо на скара, краставица, целер, домат

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content