Здравје

Пад на бројот на нови случаи – четворица починати и 39 новозаболени

Во последните 24 часа е регистриран значителен пад на бројот на нови случаи на коронавирус во Македонија.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа починале четворица пациенти, а направени се 817 тестирања, од кои 39 биле позитивни.

Починале двајца пациенти од Куманово на 43 и 66-годишна возраст и двајца од Скопје на 71 и 77-годишна возраст. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Најголем број нови случаи се потврдени во Гостивар- 11, па во Прилеп – осум и Скопје- седум.

Во Куманово има три нови случаи, по два нови случаи во Тетово, Струга, Гевгелија и Кочани, а по еден случај е потврден во Кратово и Свети Николе.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравен пациент од: Скопје-6, Штип-21, Тетово-3, Струга-1, Битола-1, Гостивар-6, Гевгелија-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Виница-2, Кичево-4.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.330, бројката на оздравени пациенти е 11.062, на починати е 600, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.668.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примен е 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 40, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 позитивни деца, 3 мајки и 3 деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2 нови, вкупно хоспитализирани се 38 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 108
• Гази Баба – 102
• Аеродром – 107
• Карпош – 88
• Центар – 81
• Кисела Вода – 100
• Ѓорче Петров – 55
• Бутел – 66
• Шуто Оризари – 32
• Студеничани – 25
• Сарај – 25
• Арачиново – 15
• Илинден – 14
• Сопиште – 6
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 10
• Зелениково – 3
• Странец – 9
• Нераспределен – 1.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content