Спорт

КФМ успешно го одржа првиот “он лајн” натпревар во кати за деца до 15 години

Карате федерацијата на Македонија изминатиот викенд одржа "он лајн" првенство за деца до 15 години во дисциплината кати во машка и женска конкуренција.

Истото беше организирано според новонастанатите услови и во согласност со стандардите на Светската Карате федерација (WKF), cпоред пропишаните мерки од страна на Министерството за здравство, со изведби на отворен простор или пак во домашни услови, со запазување и одржување на социјална дистанца во време на пандемија од коронавирусот.

Прегледот на снимките и оценувањето по стандардите на WKF се спроведе изминатите неколку дена, од страна на судии делегирани од Судиската комисија на КФМ предводени од судиите со највисоки звања, со светски и европски лиценци. Натпреварувачката комисија на КФМ на евидентираше пријави од вкупно 16 карате клубови со 89 натпреварувачи.

Овој настан е од големо значење кога во време на глобалната пандемија од коронавирусот се откажани сите домашни и меѓународни натпревари на неодредено време. Особено е значајно што во дисциплината кати има интерес кај клубовите кои вредно работат со младите генерации, што очекуваме да биде уште помасовно и поквалитетно во иднина. Карате федерацијата на Македонија и во наредниот период ќе се стреми да организира вакви и слични активности, што ќе зависи од препораките на надлежните институции за тренинг и учество на натпревари.

Со почит,

Игор Миноски, стручен соработник на

Карате федерација на Македонија

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content