СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Во прилепските училишта денеска се одвиваше штрајкот на СОНК

Во прилепските основни и средни училишта и во градинките денеска, главно, не се работеше и во 95% случаи се поддржуваат барањата на СОНК за усогласување на платите на вработените.

Според Златко Думбалоски, претседател на СОНК за Прилепскиот регион, само 20-тина наставници во основните и во средните училишта одржуваа настава.

-Во 95% случаи од вработените во основните и средните училишта и во културните институции се поддржуваше штрајкот на СОНК. Го поддржаа 2.870 наши членови во Регионот. Има по некој наставник што одржуваше настава со мал број ученици. Главно, и родителите нѐ поддржуваат и најголем дел од нив не ги донесоа децата ниту во градинките, ниту, пак, дојдоа во училиштата, изјави Думбалоски.

Христина Трпческа директор на прилепските градинки „Наша Иднина” вели дека во шесте градинки се згрижени 70-тината деца кои родителите ги донесоа изутрината.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content