Култура

Уште еден месец распуст за децата, уште еден месец подготовки во училиштата

Владата со конечна одлука, училишното ѕвонче ќе заѕвони на 1.окотомври, но само за децата од прво до трето одделенија, за останатите, почетокот ќе го означат копјутерите, лаптопите, паметните телефони, сета современа ИТ технологија. Но, властите уверуваат дека можно е постепено враќање на учениците во школските клупи ако состојбата и во текот на есенските месеци остане стабилна каква што е и во овој момент, бидејќи епидемиолошката крива речиси и да не прави големи осцилации.

Затоа, за да се овозможи враќање на учениците во училиште, Владата одлучи да формира работна група со претставници од двете министерствата, за здравство и за образование и од Кабинетот на премиерот, која ќе ја следи состојбата и ќе даде мислење за подготвеноста на основните и средните училишта за реализирање на наставата во услови на епидемијата со корона вирусот, според барањата доставени од општините за организација на настава со физичко присуство. Сепак, за сега настава со физичко присуство може да бараат само оние училишта каде што бројот на ученици не надминува 20 деца и каде може да се обезбеди растојание од 1,5 метар.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content