СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Сепак ќе има паралелка за акушерки и на Македонски јазик

Министерството за образование и наука известува дека во вторник ќе се направи измена на конкурсот и ќе се воведе паралелка за акушерки на Македонски јазик на смерот гинекологија и акушерство.

Ваквата разврска доаѓа откако Канал 5 објави дека за следната наставна година во средното медицинско училиште на Град Дкопје “Д-р Панче Караѓозов” предвидена беше само една паралелка на албански јазик, што предизвика бура од реакции во јавноста..

-Конкурсот за упис во средно образование во учебната 2023-2024 година е исто така заеднички дефиниран, но сепак, постои време и простор за измени. Во таа насока, иницијативата на СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ е веќе разгледана и информираме дека ќе биде прифатена, односно ќе се отвори и паралелка на Македонски наставен јазик за профилот гинеколошко акушерска сестра, соопштија од Министерството.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content