СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Oстануваат ште десет дена за поднесување барања за субвенции за полиси за осигурување

Сите земјоделци кои веќе ги осигурале посевите или добитокот ќе можат до 31 август 2020 година да достават барање за добивање финансиска поддршка за полисите за осигурување. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги потсетува сите земјоделци дека остануваат уште десет дена за поднесување барања за помош за премии во осигурување.

Секој работен ден во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство може да се поднесат барањата за субвенции.

Директорот на Агенцијата Николче Бабовски појаснува:

Преку оваа мерка, државата субвенционира 60 отсто од средствата што земјоделците ги дале за полисата за осигурување на родот и добитокот. На овој начин директно им се помага на земјоделците во намалување на трошоците за заштита на родот од временски непогоди, а истовремено се штитат и од можни загуби доколку дојде до нив.

Од таму апелираат да не се чека последниот ро за поднесување на барањата, туку тоа да се напраби навреме и со почитување на сите заштитни мерки кои се пропишање, како носење маска, одржување на расојание итн., при доставување на барањата во подрачните едници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content