Здравје

Рецепт на денот: Пастрмка со бадеми

Предлог што да зготвите за денешниот ручек.

Потребни состојки:

Пастрмка

Главица кромид

1 морков

50 гр шампињони

30 гр грашок од конзерва

50 гр интегрален ориз

Половина лажичка ѓумбир

10 исечкани бадеми

Сол

Начин на подготовка:

Исечкајте го кромидот, исечкајте го и морковот и пропржете ги во тава. Додајте ги исечканите шампињони, грашокот, оризот, додајте ѓумбир, пет исечкани бадеми и зачинете. Додајте малку вода и оставете да се вари.

Посолете ја пастрмката и направете отвор на неколку места, па наполнете ја со оваа смеса. Преостанатите бадеми наредете ги врз рибата. Печете ја рибата во рерна на 200 степени.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content