СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Новиот владин состав во целост

Еден ден откако мандатарот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, објавија договор за коалиција, познати се и персоналните решенија во новиот владин состав. Од редовите на СДСМ во новата влада на министерски позиции ќе бидат:

Љупчо Николовски – вицепремиер

Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија

Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања

Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи

Радмила Шекеринска – министерка за одбрана

Венко Филипче – министер за здравство

Мила Царовска – министерка за образование и наука

Бојан Маричиќ – министер за правда

Благој Бочварски – министер за транспорт и врски

Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика

Ирена Стефоска – министерка за култура

Предизборниот коалиционен партнер на СДСМ, партијата БЕСА, го добива ресорот земјоделство, каде влегува Аријанит Хоџа, а Горан Милевски од ЛДП останува министер за локална самоуправа.

Од редовите на ДУИ во новата влада влегуваат:

Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички систем

Фатмир Бесими – министер за финансии

Бујар Османи – министер за надворешни работи

Крешник Бектеши – министер за економија

Насер Нуредини – министер за животна средина

Од ДУИ соопштија дека за Министерството за информатичко општество и администрација дополнително ќе се одлучува. Како што дознаваме, кандидатката за оваа позиција, Ширет Елези, не поминала на вечерашниот Централен совет на ДУИ. Таа досега беше заменик-министерка за финансии.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content