СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Xiaomi го претстави Mi TV LUX Transparent Edition – првиот телевизор на пазарот со проѕирен екран

Овој футуристички телевизор ќе се продава само во Кина по цена од околу 7.000 долари

Xiaomi оваа недела за својата 10 годишнина, покрај новиот Mi 10 Ultra, го претстави првиот на пазарот проѕирен телевизор. Xiaomi Mi TV LUX Transparent Edition е баш како што кажува неговото име, проѕирен екран со сите компоненти сместени во неговата основа.

Ова е втор телевизор кој ја покажува иднината на телевизорите, после LG SIGNATURE OLED TV R, која се намотува во својата основа, оставајќи да се гледа во просторијата само комодата.

LG веќе претстави еластичен и проѕирен OLED екран, меѓутоа само како концепт, односно не претстави комерцијален производ со ваков екран. Се верува дека проѕирниот телевизор од Xiaomi ја користи технологијата од LG.

Цената на Mi TV LUX Transparent Edition ќе биде очекувано висока и ќе изнесува околу 7.000 долари, а за почеток барем ќе се продава само во Кина.

Кога е исклучен овој телевизор изгледа како обично стакло низ кое може да се гледа, а од Xiaomi објаснуваат како кога е вклучен изгледа како да објектите на него лебдат во воздухот. Можеме само да замислиме какво е искуството на гледање на овој телевизор, а уште повеќе и изгледот во просторијата каде би бил сместен, тргајќи го вниманието од голем црн екран на сред собата.

Покрај оваа негова главна карактеристика, Mi TV LUX Transparent Edition доаѓа со силни компоненти во него, па така тој работи на MIUI за телевизорите со помош на вештачка интелигенција за подобрување на сликата и звукот.

Во него се вградени MediaTek 9659 чипсет, а големината на екранот е 55 инчи со 120 херци стапка на освежување, а најважно од се направен со OLED технологија.

Сите технички детали за Mi TV LUX Transparent Edition можете да ги видите на страната од Xiaomi на овој линк.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content