Земјоделие

Институтот ИЕГЕ доделува 20 стипендии за eвропската програма за Развивање на еко вештини

Зелените вештини, познати и како вештини за одржливост претставуваат знаење, вредности и однесување потребни за секое работно место, да може да развие одржливи социјални, економски и еколошки резултати во организацијата и општеството. Со постојаното зголемување на предизвиците со загаденоста и климатските промени, важноста и големиот бенефит од овие вештини во иднина се повеќе ќе се зголемува.

Приватно научниот институт ИЕГЕ објавува повик за учество во професионална европска едукативна програма за „Развивање на еко вештини за зелена економија”.

Единствена од ваков тип, професионалната едукативна програма за „Развивање на еко вештини за зелена економија” овозможува надградба на еко знаењата и личен и професионален развој на учесниците.

Програмата е основана со цел создавање на конкурентни кадри кои преку својот професионален еко развој ќе обезбедат развој и на лично поле и во својата организација, но и ќе допринесат за поголема себеодржливост, одржливост во организацијата и општеството.

Програмата е дел од проектот ,,Развивање на еко вештини за зелена економија – DECOS”, финансирана од европската програма Еразмус +, Соработка за иновација и размена на добри практики, во партнерство со институции од Австрија, Финска, С.Македонија, Словенија и Романија.

Учесниците на програмата ќе се стекнат со  релевантни еко вештини. Програмата е приспособена за кандидати кои веќе имаат базично искуство во областа на одржливоста, отпадот и енергетската ефикасност и сакаат да добијат специјализирано и применливо знаење во ова поле.

1_resize

Институтот ИЕГЕ доделува 20 (дваесет) целосни стипендии за заинтересирани кандидати кои ќе имаат можност да учествуваат во интерактивна настава водена од искусни професори со примена на иновативни практики и современи алатки.

Програмата се состои од следните предмети: 1. Одржлив живот и зелени вештини, 2. Менаџирање со отпад, 3. Менаџирање со енергија.

Секој предмет ќе биде реализиран со комбинирано учење: е-учење, теренски активности и училница. Програмата ќе се спроведува на македонски јазик, во септември 2020. Во рамки на наставата ќе бидат спроведени посебни мерки за заштита од КОВИД-19.

Критериуми за учество во програмата се:

–  Завршено средно или високо образование во различни области

–  Одлично познавање на работа со компјутери (систем на е-учење)

–   Желба за учење, изградени способности за тимска работа и за комуникација

Предност ќе имаат кандитатите со:

– Работно искуство во сектор набавки во приватни и јавни институции.

Доколку сакате да бидете дел од едукативната програма, Ве молиме испратете ваша кратка биографија и мотивационо писмо во елктронска форма на info@iege.edu.mk со назнака Апликација за едукативна програма DECOS најдоцна до 20 август 2020 година.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content