СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Колективната тужба на ССМ против државата патува кон меѓународните судови!

Синдикалците ја подготвија тужбата против државата. Последниот рок кој и го дадоа на владата истече во петокот.

Сега заедно со своите колеги-синдикалци од европските синдикални здруженија ја подготвија тужбата против државата која веќе е испратена до Советот на Европа. Според информациите, раководството на ССМ последниве два дена беше во Белград на средба со братските европски синдикати кои на ССМ и дадоа голема поддршка.

Со истекот на последниот рок за властите да ја сменат одлуката и вработените во јавниот сектор да добијат зголемување на платите за 2806 денари, синдикалците ја испратија колективната тужба до меѓународните судови. Дополнително тоа ќе го сторат и до домашните судови, но велат дека дома немаат доверба во судскиот ситем и надежите им се дека правдата ќе ја добијат надвор од Македонија. За Денар, Дарко Димовски претседателот на ССМ вели – повеќе ништо не може да не премисли и да не натера на дополнителни консултации и преговори со властите. Инаетот на власта ќе предизвика поголеми штети врз државната каса, додава синдикалецот.

„Со оглед на состојбата приморани сме преку нашите братски синдикати Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати кои со своите 250 милиони членови застанаа зад ССМ и барањата на работниците, за прв пат во историјата на државата да поднесеме колективна тужба пред надлежните европски институции, да поднесеме извештај до Меѓународната организација на трудот за прекинатиот социјален дијалог и непочитување на Меѓународните конвеции на труд, за непочитување на Законите и колективните договори од страна на Владата, како и да поднесеме колективна тужба и поединечни тужби против државата, односно Владата пред домашните судови за заштита на работничките права кои укажуваме дека скапо ќе ја чинат државата, а ќе има негативни импликации за рејтингот и во извештаите на Европската комисија и Меѓународната организација на трудот за Државата“, изјави Дарко Димовски претседател на ССМ

Синдикалците се револтирани бидејќи Владата не им ги почитува работничките права. ССМ потсетува дека 138 000 работниците се на генерален штрајк во јавениот сектор, но велат, за претставнците на Владата, очигледно вработените во јавниот сектор се граѓани од втор ред. Синдикалците се загрижени дека според нив во Македонија социјален дијалог нема.

Дополнително од ССМ жалат што од 1 мај до денес се прекинати сите официјални контакти со претставниците на Владата и министерствата за барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија,  работниците да добијат линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за 2806 денари. И покрај тоа што од страна на претставниците на Владата, премиерот и вицепремиерот биле убедени дека усогласувањето на платите во јавниот сектор ќе се случи со ребалансот на буџетот, тоа не се случи и сега се чувствуваат измамени. Ставот на ССМ е дека во државната каса не може да нема пари за плати, и затоа јавно прашуваат каде се парите за платите на работниците, и сега се сомневаат дека тие се пренаменети за луксуз на Владините функционери и за тендери.

„Владата има игнорантски однос кон работниците и нивните претставници, до денес никој не не побарал за разговор како претставници на работниците, ниту пак има одговорено, ниту разговарано со штрајкувачите по однос на нивното егзистенцијално барање. Штрајкувачкиот одбор секојдневно ќе заседава и ќе носи Одлуки за формите на синдикален притисок кои ќе бидат потребни за остварување на штрајкувачкото барање за усогласување на платите на вработените во јавниот сектор со минималната плата, а ќе блокираме кога тоа ќе и предизвика на Владата најголема потешкотија“, додава Димовски

На работниците во јавниот сектор синдикалците им порачаа да работат бавно, и да продолжат со генералниот штрајк.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content