СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Четири медали за џудистите на Сеишин-Прилеп на меѓународниот турнир „Тирана Опен“

На 7 мај во Тирана, Албанија, се одржа меѓународниот турнир во џудо „Тирана Опен“ на кој учествуваше и македонскиот џудо клуб Сеишин-Прилеп предводен од тренерот Мартин Ристески и Киро Здравески.

Освен од нашата земја, на овој турнир имаше и натпреварувачи од Албанија, Италија, Бугарија, Црна Гора, Косово, Србија и Грција.

Седум џудисти го претставуваа Сеишин-Прилеп, а освоени се вкупно четири медали од кои два златни, и по еден сребрен и бронзен.

Резултати поединечно:

Пионерки:
1.Тамара Илиоска 1 место
2.Теодора Илиоска 1 место

Кадетки:
3. Елеонора Илиоска 2 место

Кадети:
4. Никола Магдески 3 место

Сеишин-Прилеп следен викенд ќе настапи на меѓународниот турнир „Скопје Опен“ на кој се очекува да учествуваат голем број клубови од странство.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content